Љубов и Секс

Какви совети за секс добивале жените во 19 век?

Какви совети за секс добивале жените во 19 век?

Не сме во 19 век, но може да направиме ретроспектива на животот во тој период, особено кога станува збор за сексот и љубовта.

Во книгата „Сексуални совети за сопружници“ од 1894 година напишана од Рут Смитерс, сопруга на свештеникот Л.Д. Смитерс, има многу „практични совети“ за млади невести, коишто денес единствено може да послужат за хумор.

Какви љубовни совети добивале жените во 19 век?

1. Одбијте го! Ако не одбиете маж, тој ќе бара секс секој ден. Затоа, не заборавајте да се спротивставите.

2. Пасивност или како да избегнете бакнеж? Ако маж се обиде да ве бакне во уста, свртете ја главата настрана за да ве бакне во образ.

3. Облекувајте се исклучиво, во вашата соба. Тоа, за да оставите впечаток на мистерија. Бидете подготвени кога тој ќе пристигне и не дозволувајте да ве чека. Поздравете го со насмевка.

4. Без голотија! Никогаш не излегувајте голи пред сопругот, затоа што ќе разбудите желба кај него без никаква потреба.

5. Преправај се дека си мртва! Доколку најпосле дојде до секс, најдобро е да го сторите тоа во целосен мрак. Препорачливо е и да се преправате дека сте мртва, затоа што секое, па и најмалото движење може да посочи дека навистина уживате во сексот.

6. Романса? Не доаѓа предвид! Не треба да има романса во сексот, и сопругата би требало да ја крева наметката само до колковите.

7. Задолжителен разговор. При односот, најдобро е да се молчи. Но, можете и да разговарате, ама не за што било Најдобро е да се зборува за домашните работи, и тоа непрекинато.

8. Ако ви пристапи со „гадоста“, свртете ја главата. Мажите по природа се изопачени, па ако тој се обиде да ја приближи својата „гадост“ до вашата уста, вие само свртете ја главата настрана.

9. Внимавајте каде ве бакнува и трчајте кон тоалетот! Ако се обиде да ве бакне каде било освен на образот, брзо спуштете ја ноќницата или наметката, извинете му се и кажете му дека итно треба да одите во тоалет.

10. Не дозволувајте да заспие! Спречете го вашиот сопруг да спие мирно по сексуалниот однос. Жалете му се, па потсетете го што сè треба да стори следниот ден.

11. Изгасете ги светлата. Ако веќе не можете да избегнете однос, изгасете ги сите светла во собата.

По сè, изгледа тоа биле различни времиња, но некои од овие совети оставиле своја трага до денес.

12. „Ме боли главата“. Најдобро е да одглумите главоболка или мигрена еден час пред да одите в кревет.

13. Мажите не сакаат девојки кои позајмуваат марамчиња од нив и оставаат трага од кармин на нив. Шминкајте се во приватност, на место каде што никој не ве гледа.

14. Не зборувајте додека танцувате. Кога мажот танцува, тогаш тој сака само да танцува.

15. Не бидете премногу интимни со вашиот придружник со тоа што ќе го допирате во јавност. Секое отворено покажување наклонетост се смета за лош вкус и затоа го срамите и понижувате.

16. Не комуницирајте премногу со другите мажи.

17. Носете градник.