Љубов и Секс

Каков маж сакаат жените? Истражување открива која е добитната комбинација

Каков маж сакаат жените? Истражување открива која е добитната комбинација

Сигурно досега повеќе пати сте размислувале каков маж сакате покрај вас. Кои физички карактеристики кај мажите им се најважни на жените?

Истражувањето на научници од Универзитетот во Квинсленд покажа дека жените од 21 век претпочитаат мажи кои имаат „бебешко лице“, односно нежни црти на лицето и мускулесто тело.

Истражувањето го спроведоа истражувачи кои на 160 жени им покажувале фотографии од мажи и ги прашувале кој од нив им е најпривлечен.

Денешните, современи жени најмногу „паѓаат“ на високи и силни, односно мускулести мажи.

Во првиот дел од истражувањето, жените не можеле да им ги видат лицата на мажите, туку само горниот дел од телото. Повеќето од нив предност им дале на мускулестите мажи.

Како важен фактор се покажала и висината, иако, за разлика од силата, таа не била толку важна.

Ниту една жена не покажала статистички значајна предност за мажи кои изгледаат физички послабо.

Претходни истражувања покажаа дека жените најмногу ја ценат комбинацијата на мажи со понежни црти на лицето и цврсто, мускулесто тело.

Извор: Попара