Радио Милева
одзема здив

Како во филм: Емина Јаховиќ ужива во луксузниот дом со поглед на Босфорот (фото)

Како во филм: Емина Јаховиќ ужива во луксузниот дом со поглед на Босфорот (фото)

Емина Јаховиќ веќе една година ужива во новиот стан во Истанбул со поглед на Босфорот. Таа живее во новиот дом со синовите Јаман и Јавуз, а фотографиите сведочат дека овој простор за живеење е опремен со чист луксуз.

Дневната соба на Емина Јаховиќ е целосно стаклена и со поглед кон морето. Секоја соба е детално уредена, па секоја декорација зрачи со гламур.

-Пред се, морам да нагласам дека локацијата на овој стан ми беше пресудна бидејќи е блиску до се што ми треба во текот на денот, па можам да одам на повеќе места. За разлика од мојата куќа која беше во природа, и за се ми требаше многу повеќе време – изјави претходно Емина  за „Блиц“ и откри што ја маѓепсало овој простор.

– Во изборот на просторот за живеење пресуден беше и погледот кон Босфорот кој неизмерно ме смирува. Ми се допаѓа минимализмот со допир на елеганција. Мешавина од мермер и дрво како и комбинација од старо и ново. Секогаш имам архитект кој само ја следи мојата линија во која се чувствувам добро – изјави Емина.

Во собите доминираат беж и светло сиви тонови, кои се разбиени со некоја златна рамка.

Додека, пространата кујна и трпезаријата доволно зборуваат за тоа дека гостите се добредојдени во нејзиниот животен простор.

Останати вести од Радио Милева