Радио Милева
напад

„Како не ти пречи кога мајка ти ќе се соблече“- ја прозваа Ника, наследничката на Карлеуша, а нејзиниот одговор ги „запали“ мрежите (фото) 

„Како не ти пречи кога мајка ти ќе се соблече“- ја прозваа Ника, наследничката на Карлеуша, а нејзиниот одговор ги „запали“ мрежите (фото) 

Наследничката на музичката ѕвезда очигледно ја наследила духовитоста и остриот јазик од својата мајка.

Помладата ќерка на познатиот пар Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Ника, е активна на социјалните мрежи и редовно се занимава со оние кои немаат убави зборови за неа или нејзината мајка.

Бидејќи секој има свое мислење на интернет, следеше уште еден „напад“.

– Се е супер, мајка ти е убава, но отсекогаш се прашував како понекогаш не ти пречи ако мајка ти се соблече речиси гола на сцената, а вие утре се појавите на училиште – гласи еден од коментарите.

На ова  Ника имаше подготвен  одговор.

– На училиште луѓето не ме гледаат според тоа која е мајка ми, туку каква личност сум јас. Ова е мојот живот – напиша таа.

Фото: Принтскрин/karleusastar

Останати вести од Радио Милева