Љубов и Секс

Како да знаете дали претерувате со сексот?

Како да знаете дали претерувате со сексот?

Сексот е одличен за здравјето, но кога ќе претерате со него време е да направите мала пауза. Вашето тело не е машина, се уморува и покажува знаци кои треба да ги забележите и сфатите дека е време за паузирање.

Со оглед на тоа како живееме, не е исклучок да забележите дека интимноста што некогаш сте ја имале со партнерот сега е само акција која ја вршите со половина сила. Ако единствено имате „уморен секс“ или ако го прекинувате бидејќи сте премногу исцрпени и скоро без сила, време е да најдете друг начин да бидете интимни со партнерот.

На кои симптоми треба да обрнете внимание?

Ако сексот за вас е само физички чин 

Сепак сексот вклучува многу емоции и физичка интимност со партнерот. Но, ако стане спорт, „механика“, тогаш ви ја одзема сета енергија и може да биде физички и психички напорен. Тоа што сте здрави и во форма не значи дека не може да бидете уморни.

Намалено либидо 

Постојат моменти кога не сакате да имате секс. Постојат неколку причини за намалување на либидото, вклучително и прекумерно пиење алкохол. Премногу секс заедно со алкохолот го намалува сексуалниот нагон и побрзо ве исцрпува.

Премногу секс ја нарушува издржливоста

Без оглед колку сте фит или колку вежбате во теретана, премногу секс може да ви ја намали издржливоста.

Брз ритам на живот

Ако постојано сте под стрес, и професионално и приватно, сигурно ќе бидете уморни во сексот и ќе чувствувате како да сте согореле. Добриот секс е важен за квалитетен однос со партнерот. Сепак, обидете се да направите рамнотежа меѓу едното и другото.

Притисок да се докажете

Ослободете се од притисокот да се покажете колку сте вешти во кревет, оставете телото да го следи сопствениот ритам. Премногу секс и притисок можат да создадат ментални тегоби, но и исцрпеност.

Извор:Кајгана.мк