Живот и Стил

Како да се решите од вода во ушите после пливање?

Како да се решите од вода во ушите после пливање?

Обичен туш или летните радости на плажа често може да завршат со затнато уво.

Понекогаш е многу тешко да се ослободите од водата во увото без разлика колку скокате наоколу.

Затоа ви нудиме неколку лесни начини како да ја исфрлите водата од увото после капење, туширање или пливање.

Навалете ја главата малку на страната на увото каде што е водата и повлечете ја ушната ресичка. Ова ќе го ослободи каналот и лесно ќе се ослободи од водата.

-Свртете го фенот на најслабата поставка и оддалечете го од главата најмалку 30 cm и насочете го кон увото каде што е водата.
-Купете капки дизајнирани специјално за овој проблем во аптека.

Работи кои никогаш не треба да ги правите:

Избегнувајте стапчиња за уши бидејќи тоа може да ги турка ушната маст и бактериите понатаму во ушниот канал.

Никогаш не обидувајте се да ја отстраните водата со прстите или ноктите бидејќи може да ја изгребете чувствителната кожа во внатрешноста на увото.

-Не користете водород пероксид, кој најчесто се користи за ушен восок.

Како да забележите инфекција на увото?

-чешање во ушниот канал
-црвенило во увото
-непријатност или болка
-чиста течност без мирис која постојано истекува од ушниот канал.