Љубов и Секс

Како да се извлечете од неуспешен брак без развод? Постои „златна средина“…

Како да се извлечете од неуспешен брак без развод? Постои „златна средина“…

Да се спасите од несреќен брак не е толку едноставно, како што е да пронајдете адвокат и да започнете процес за развод.

Несреќниот брак не мора да заврши со развод
Некои од луѓето навистина сакаат да знаат како да се справат и да излезат од несреќниот брак. Злоупотреба, зависност, непрекинато и непрежалено неверство дефинитивно се причините кои го оправдуваат крајот на еден брак.

Меѓутоа, многумина би сакале да побегнат од бракот без непотребни адвокати и судења.

Разводот има свои фази и очигледно последици, па дури и доколку и двајцата партнери го сакаат и делуваат многу пријателски. А, на некои од луѓето финансиските и емотивните последици им се премногу тешки затоа бараат други, поедноставни начини да се извлечат од своите несреќи.

Доколку и вие сте во дилема,не знаејќи дали е подобро да бидете во несреќен брак или да се разведете, можеби постои и трета алтернатива која би можела да ви одговара. Но, пред сè мора да си поставите себеси некои тешки прашања во својата врска.

Зошто вашиот брак е несреќен?
Дали сте направиле сè што е во ваша моќ за на својот брак да му дадете приоритет и да го заштитите од пропаѓање? Дали и натаму го почитувате својот партнер? Како несреќниот брак влијае на вас? Дали сте побарале помош?

Па, дури и доколку самата идеја за враќање во емоционална и физичка блискост со партнерот е невозможна, разводот не мора да се случи.

Но, мора да одлучите дали сте подготвени да направите сè што е потребно за да ја промените природата на својата врска. А, доколку имате деца, вашиот избор и посветеноста се пресудни.

Друга природа на односите
Еден од начините да излезете од несреќниот брак без развод е вежбање неповрзаност, односно оддалечување од партнерот во љубовна смисла и фокусирање исклучиво на одржување на семејството.

Доколку во врската ве мачат непрекинати кавги, одвоеност и емотивна оддалеченост од партнерот тоа не може да се реши со иритантно однесување кон партнерот.

Неповрзаноста е пракса во која и двајцата партнери можат да бидат свои без предрасуди, критики или очекувања да се сменат.

Ваквиот облик на однос ви дава можност да го пренасочите фокусот на себе.

Како изгледа ваквата врска?
Изгледа цивилизирано, во рамките на почитување и комуницирање со сопругот. Доколку имате деца ова може да биде идеално решение во рамките на кои семејството останува заедно, а вие сепак немате посебна одговорност кон вашиот сопруг.

извор:точка.ком.мк