Љубов и Секс

Како да препознаете манипулатор? 4 видови мажи кои ќе ве изневерат без да размислат

Како да препознаете манипулатор? 4 видови мажи кои ќе ве изневерат без да размислат

Истражувањата покажале дека постојат одредени типови на личност кои полесно изневеруваат од останатите. Кои се тие?

Неверството е знак дека со емотивната врска нешто не е во ред, но не доаѓа секогаш до раскинување.

Луѓето кои се посклони кон неверство се однесуваат вака:

1. Нарцис

Нарцисоидните луѓе имаат една филозофија во животот, а тоа е дека тие заслужуваат сè. Така тие нема да сметаат дека неверството е нешто особено лошо и ќе очекуваат тоа да биде целосно природно и логично. Тие бараат лудост и обожуваат да чувствуваат моќ, а притоа не ги почитуваат туѓите чувства затоа што другите луѓе за нив и не постојат како човечки суштества.

2. Манипулатор

Тие главно влегуваат во врска неспособни да сакаат и без чувство за било каква љубов или емпатија. Ќе бараат од вас безусловна љубов, често ќе ве обвинуваат за грешки, а вие нема да бидете свесни во каков проблем се наоѓате. Манипулаторите од себе ќе направат жртва, а вие во таа игра ќе се чувствувате виновно.

3. Хедонист

Хедонистите главно не сакат луѓе затоа што тие се трудат да си обезбедат себеси најсовршен живот, не обрнуваат внимание на туѓите потреби. Тие не се злонамерни, но знаат да бидат себични, што не е добро за ниту еден однос. Хедонистите имаат недостаток на самоконтрола, така што тешко ќе се откажат од излегувањата и задоволствата.

4. Емотивно нестабилни

Психолозите тврдат дека емоционалната нестабилност е честа карактеристика на оние кои изневеруваат поради тоа што тие почесто влегуваат во кавги од останатите и брзо го менуваат своето расположение.

Тие често се обидуваат да ве вовлечат во својата драма и ќе очекуваат од вас да ги разберете така што емотивно нестабилната личност дефинитивно е лош избор за вас.

извор:кармин/точка.мк