Љубов и Секс

Како да препознаете дали сака сериозна врска или само авантура?

Како да препознаете дали сака сериозна врска или само авантура?

На некои луѓе им е потребно повеќе време за да се одлучат на сериозна врска и заеднички живот, а тоа може да укаже дали се навистина одговорни или едноставно сакаат авантура.

На што треба да обрнете внимание за да знаете дали тој партнерот е навистина заинтересиран за вас или не?

За да знаете дали некој маж е искрено заинтересиран за љубовна врска со вас и дали токму тој е вистинската личност, обрнете внимание на некои работи во неговото однесување од моментот кога ќе се запознаете па понатаму.

Не губете време со некој кој не е премногу заинтересиран за вас, не ве почитува и покрај него се чувствувате повеќе тажни отколку среќни.

Ако тој е искрено заинтересиран за сериозна врска ќе сака да ги запознае вашите пријатели и семејството, нема да го избегнува тој дел. Исто така, ќе ве повика и вие да ги запознаете неговите.

Ако постојано доцни или не се појави на договореното место тоа е добра причина за сомневање во неговите сериозни намери. Истото важи и ако не ви се јави ли не одговори на пропуштените повици, пораки, пораки на социјалните мрежи и слично.

Дека тој не е за вас може да сфатите и по однесувањето додека сте во друштво. Ако ве исмејува или понижува и не му е грижа што ве доведува во непријатна ситуација, немате што да барате со него. Истото е и кога туѓото мислење му е поважно од вашето.

Ако покрај него не се чувствувате опуштено, исполнето и среќно тогаш прекинете ја врската. Не губете време со некој којшто не ве заслужува, бидете со некој кој ќе го цени секој момент поминат со вас.

извор: Кајгана