Живот и Стил

Како да го зачувате карминот на усните и покрај заштитната маска?

Како да го зачувате карминот на усните и покрај заштитната маска?

Новото нормално кое моментално го живееме, бара прилагодување на секое поле. Облеката генерално стана поедноставна, истото важи и за чевлите, а во мода се вратија бои на коси кои не бараат толку честа посета на фризерски салон и добрите стари штипки за коса.

И кога е убавината во прашање, наметнати се промени. Маската е неизоставен дел од изгледот денес, а ја носите постојано, па фокусот на мејкапот е ставен на очите и веѓите. Но, тоа не значи дека треба да ги занемарите усните. Во продолжение, неколку корисни совети, како да носите кармин на усните и покрај тоа што носите маска:

За почеток, најважно е да ги одржувате усните хидратизирани, но тоа не значи масни и лепливи. Вишокот балсам отстранете го.

Исцртајте ги усните по линиите и внатрешноста со молив за усни, а потоа ставете го првиот слој кармин. Наша препорака е да се одлучите за кармин со мат финиш.

извор:точка.ком.мк