Радио Милева
фатална љубов

Како Брена и Бобо во младоста: Тијана Дапчевиќ и сопругот пред 20 години – една фотографија, милион спомени – еве како изгледаа пред две децении

Како Брена и Бобо во младоста: Тијана Дапчевиќ и сопругот пред 20 години – една фотографија, милион спомени – еве како изгледаа пред две децении

Tаа е македонска пејачка, актерка, водителка со српско – македонска адреса на живеење.

Тијана Дапчевиќ постојано е на релација Белград – Скопје. Во Србија живее со своето семејство, односно својот сопруг Милан Дапчевиќ и синот Вук, а во Скопје редовно доаѓа како поради работни обврски и снимањето на серијата „Преспав“, така и поради нејзиното семејство,  сестрата Тамара Тодевска, родителите, пријателите….

Дапчевиќ е активна на социјалните мрежи каде често знае да објави по некоја нова, но понекогаш и по некоја постара фотографија, или да сподели некое видео додека готви.

Кога станува пак за нејзиниот приватен живот, Тијана е во среќен брак со Милан Дапчевиќ со кој го има синот Вук. Меѓутоа, пејачката не открива премногу детали за животот зад затворени врати, не открива детали многу за својот приватен живот.

Таа неколку пати има истакнато дека се уште трае љубовта меѓу неа и сопругот, дека тој ја научил на многу работи и ја променил.

Меѓутоа, Дапчевиќ ретко објавува фотографии со сопругот, а како што истакна во една прилика дека тој не се сака да се фотографира и експонира во јавност.

Овој пат, пејачката на својот „Инстаграм“ објави фотографија од архива од пред две години на која таа е сопругот. На објавата, Тијана има подолга коса, како и Милан, а изгледа многу поразлично.

„Матна, но драга. Фотографија од пред 20 години (од весник). Тогаш се сакаа двајца млади, се сакаат и сега…двајца млади. На сите ви посакувам ваква среќа“ напиша Дапчевиќ покрај фотографијата на која позира со саканиот.

Под објавата се нижеа позитивни коментари за нивната љубов и брак.

Инаку, на фотографијата тие потсетуваат малку и на еден од најпознатите естрадни парови во регионот, Брена и Боба од младоста кога нивната љубов беше фатална и главна тема во медиумите, кога парот се запозна и ја започна нивната врска и љубов која трае денес, Брена како пејачка, Боба како тенисер, Тијана како пејачка, а Милан Дапчевиќ како кошаркар.

Слични и лични.

фото: Инстаграм/тијана дапчевиќ

Останати вести од Радио Милева