Радио Милева
славеничко семејство

Кај Елеонора Миљковиќ роденден се слави скоро секој ден: Татко и, сестра и, кучето… и по торта за секого! (ФОТО)

Кај Елеонора Миљковиќ роденден се слави скоро секој ден: Татко и, сестра и, кучето… и по торта за секого!  (ФОТО)

Кај македонската ријалити ѕвезда и ТВ „Ред“ водителка Елеонора Миљковиќ дома очигледно постојано е весело. Така барем изгледа по сето она што таа го споделува на социјалните мрежи, особено на својот Инстаграм профил.

Имено, додека Нора ги впиваше на себе првите сончеви зраци во денот распослана во домашниот двор крај базенот, со фот камерата  го забележа и танцот на дамата во бело.

Раскошна госпоѓа, дотерана во бел летен фустан и бела шапка, како со широка насмевка беспрекорно танцуваше во ритамот на звуците што доаѓаа од звучниците… нејзината мајка!

Ден-два подоцна, нова журка… Овој пат роденденска. Славеникот – сопственикот на имотот, таткото на скопската убавица, која ја собра целата фамилија засилени со лица од блиското опкружување на роденденска дружба, прослава со музика, песна и танцување.

Првиот валцер на роденденската журка како на свадба. Славеникот и неговата понежна половина во љубовно танго на сентиш од нивните времиња.

Среќни и весели сите, особено Елеонора….

За да нема љубомора и несудениот зет, нејзиното момче Чедо, доби француски љубовен бакнеж… в уста!

Сепак највесела и најрасположена одново нејзината атрактивна мајка. Госпоѓата овој пат во летен комбинезон во боја на циклама, покажа дека е вистинска дама.

Не само што беше главна во подигањето на атмосферата на роденденаката журка демонстрирајќи ги своите танцувачки способности, туку како права жена што го сака својот човек, прва му го честитаташе роденденот кога за тоа дојде мигот.

Најпрвин се разбира среќниот славеник ги дувна свеќичките на торатата на која малку забуна направи бројката, ама не е важно. Важно е да е весело…

И како прв ден да те сака и бакнува девојката, која оддамна ти е сопруга и жена на твојот живот.  А како тоа стручно се прави, како славеникот сочно се бакнува, демонстрираше госпоѓа – мама Маргарета на која и после толку години, очигледно љубовта и цвета!

Но, роденденското славје доби ново поглавје кај Елеонора и тука не застана, зашто веднаш по некој ден, некој друг имаше роденден.

Домашниот крзнен миленик, белиот бишон беше во центарот на внимението тој ден, зашто го славеше својот прв роденден.

А како и секој славеник, и тој дотеран со „пеперутка вратоврска“ доби подарок, голема торта… Секако, кучешка, иако на едногодишникот многу поинтересна му беше платнената играчка.

Но веселата роденденска недела кај Елеонора  тука не завршува. Следна која славеше роденден, беше нејзината помал сестра Мила.

Така барем се пофали на Инстаграм, на кој ја покажа сета своја младешка убавина, ништо помалку раскошана од нејзината постара сестра.

И секако, роденденската торта, која заврша како што заврши… кај оние што младата убавица ги почести, а понекое парче и помеѓу нејзините прсти… в уста!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mila (@milaamiljkovic)

Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__/milaamiljkovic

Останати вести од Радио Милева