Радио Милева
пожар му го пеплоса локалот

Кафеаната на познатиот македонски музичар изгоре до темел: Од естрадното свратилиште на Трајче-Мајка остана само пепел (ФОТО)

Кафеаната на познатиот македонски музичар изгоре до темел: Од естрадното свратилиште на Трајче-Мајка остана само пепел (ФОТО)

Викендов, поточно во саботата избувнал пожар во познатиот угостителски локал  „Камин Кама“  лоциран во населбата Ѓорче Петров, сопственост на популарниот македонски музичар Трајче  Толевски – Мајка, , член на групата „Скопски боеми“ пренесоа македонските медиумите.

„Доцна вечерта избувнал пожар во ресторанот Камин Кама во населбата Ѓорче Петров, уште попознат како свратилиште  на македонската фолк естрада, каде многу често и приватно се собираа најпознатите и најпопуларни македонски фолк ѕвезди.

И покрај брзата интервенција на пожарникарите, сепак огнените јазици се ширеле со огромна брзина и го зафатиле целиот објект. Засега не се шпекулира за причината на пожарот ниту за висината на финансиската штета се додека не заврши истрагата и не се направи проценка на истата.

Сепак, според првичните проценки штетата е огромна, што е евидентно и на самото место каде објектот е речиси изгорен до темел, а од познатиот локал на Трајче – Мајка останал само пепел.

Сопственикот на ресторанот во шок и неверување од немилиот настан, изјави дека најважно од се е што немало жртви, ниту пак повредени. Тој изјавил дека пожарот се ширел со неверојатна брзина, а нему први му јавиле соседите кои веднаш пријавиле во пожарната служба за што им е особено благодарен.

Сепак, немилиот настан не успеал да го уништи позитивниот дух на музичарот, инаку познат по својата весела нарав и смислата за шега и хумор, кој и покрај шокот и причинетата огромна материјална штета се огласил со пораката: „Лошото нека остане овде, Камин Кама ќе ја обновиме, а најважно е сите ние да сме живи и здрави”.

На својот Фејсбук профил Трајче-Мајка споделил и неколку фотографии од местото на катастрофата, на кои се гледааат остатоците од страшната несреќе што го најде музичарот и сопственик на локалот, кој покрај сликите споделил известување:

„Ги известуваме сите гости дека поради градежни работи предизвикани како последица од пожарот што го зафати објектот на Камин Кама, објектот нема да биде отворен за гости извесен период. За повторно отворање навремено ќе бидете известени. Ви благодариме за разбирањето“.

Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/trajcetolevski

Останати вести од Радио Милева