Живот и Стил

Каде најлошо се јаде? 8 земји во кои туристите најмногу се жалат на храната

Каде најлошо се јаде? 8 земји во кои туристите најмногу се жалат на храната

Дестинациите како Грција, Италија или балканските земји се омилени на листата на оние кои ги откриваат странските земји преку вкусот и мирисот на националните кујни – исто како и Турција, Тајланд…

Но, што е со оние дестинации каде чиниите и чашите не се толку популарни? Патниците од целиот свет трагаат по дестинации на кои ќе ги искусат најдобрите национални кујни. Тајланд, Грција, Турција и Италија се најбарани, додека Велика Британија, Холандија и Монголија не се на списокот на посакувани.

Кога пријателите се враќаат од патување и нѝ ги прераскажуваат гурманските искуства, тие можат лесно да нè „заразат“ да ги следиме нивните стапки и да се „фрлиме“ на хедонистички туризам.

Во некои земји, традиционалната кујна е во сенка на културните, историски и природни обележја. Велика Британија е позната по својата репутација на домашна кујна без вкус, но на мета на критики на туристичките форуми се нашле и Јамајка, Кенија како и Финска.

Финска

„Финската храна е една од најздодевните и најмалку креативните, но е здрава. За време на Финските олимписки игри во 1952 година, било спроведено истражување помеѓу спортистите; тие сметале дека финската кујна е најлоша”, вели Срихарша Кучиманчи од Индија.

Холандија

Едвин ван Давенхорст од Холандија вели:

„Бидејќи сум Холанѓанец, знам што е невкусна храна на која ѝ фали креативност. Нашите јадења најдобро се опишуваат како хранливи и лесни за подготовка. Еден од примерите е стампот, зеленчук со компири варен во истото тенџере, па испасиран и послужен со парче месо и сос“.

Никарагва

„Во Никарагва, вегетаријанците јадат ориз и грав со пржени банани. Ја сакам таа комбинација и ја јадев во Костарика, но во Никарагва ова јадење е скоро секогаш студено, суво и без зачини. И ананасот ме разочара, секогаш е незрел и кисел, додека во Костарика е незамисливо сочен“, тврди Германката Амели Ландфиш.

Монголија

„Мојот глас за најлоша кујна оди кај Монголија. Нема зеленчук, нема зачини – само месо и тестенини. Казахстанската кујна е слична, но бидејќи е земја полна со други националности, можете да јадете фини корејски, грузиски, руски или кинески јадења“, вели Стивен Херманс кој живее во Казахстан.

Јамајка

„Јамајка има потполно безлична храна – сè е без вкус освен печеното пилешко месо. За појадок, тие јадат варени банани, варен компир, варени јајца и повеќе варена храна. За ручек, тоа е ориз со грашок без зачини. Не знам како го прават тоа?! “, се прашува Брајан Колинс од Америка.

Англија

Џеф Пеларин од Канада вели дека Англија многу се обидува да се ослободи од лошата репутација, но сепак уживаат во ужасните сендвичи со јајца од „Marks & Spencer“.

„Моето најтажно искуство беше кога го прашавме локалното население за најдоброто место за риба и помфрит во Лондон. После половина час пребарување, добивме убави парчиња свежа риба… без никаков вкус”, вели тој.

Непал

„Надвор од туристичките ресторани во Катманду, храната во Непал е прилично лоша. Врз основа на моето (скромно) туристичко искуство, се чини дека Непалците живеат од две работи, повеќе или помалку тестенини и дал бата. Тестенините се во ред, а дал бат е сличен на индискиот ориз со леќа, освен што е поводлест и зачините се помалку интересни. Колку подалеку сте од градот, толку потешко ќе пронајдете месо со зеленчук“, објаснува Аника Шауер од Америка.

Кенија

„Кениската кујна е вкусна, но брзо станува здодевна. На секој чекор има невкусна касава, што е и очекувано бидејќи се служи како евтин извор на калории. Покрај тоа, сè се готви живо и тоа долго време – сè додека последната капка живот не излезе од зеленчукот и другите намирници“, вели Бен Сантхаус од Велика Британија.

извор: точка.мк