Радио Милева
деколтето „не издржа“

Кадар за инфаркт – кога Нивес Целзиус „фотка“, на мажите долниот притискот им скока над стотка: Упс, ми испаднаа ци*ките“ (ФОТО)

Кадар за инфаркт – кога Нивес Целзиус „фотка“, на мажите долниот притискот им скока над стотка: Упс, ми испаднаа ци*ките“ (ФОТО)

Хрватската нимфа, пејачка и актерка Нивес Целзиус е дефинитивно „жена за сите времиња“. Со сексапилот со кој зрачи многу попознати хрватски ѕвезди од неа помрачи, правејќи ја популарна и без особени музички хитови или ТВ улоги. Едноставно Нивес доволно е да направи нова поза, да објави нова фотографија, видео, стори… на социјалните мрежи и машкиот пол одново „да го наежи“… по цело тело! И тоа не само во Хрватска, туку во целиот регион, зашто секоја нова голотија, секој нејзин „ексцес“, од „Вардар до Триглав“ се следи со особен интерес!

Само малку подразголена или гола „дибидус“ сите знаат што можат да очекуваат од Нивес Целзиус. Така било отсекогаш, од првата нејзина појава, така е и до денес, до последната нејзина објава.

Имено, викендов Нивес беше на свадба. Во својство на гостинка или само како естраден уметник кој ќе ги забавува гостите – не кажа. Според прикажаното и споделеното од фотографиите, ќе да беше за обете.

И додека младите се подготвуваа за свадбена журка по свечената церемонија на „завет на вечна љубов“, Нивес реши да ги покаже не само вокалните, туку и уметничките способности. Мобилниот в рака и став за уметничка поза. Само не за своја, туку за туѓа, сакајќи да ја фотографира својата згодна пријателка.

Ама позата беше таква што никој од оние што одеа зад нив, не гледаше во фотографираната, туку сите погледи беа фокусирани во фотографот. Или поточно, во она што нејзината напучена задна перспектива им го понуди, па некој од нив ваквата „прекрасна глетка“ која во кадарот предничи, реши да ја овековечи.

Нивес таман да ги направи финалните кадри, малку повеќе се поднаведна, а нејзината бујна предница не издржа… Испадна од лежиштето, од длабокото деколте на фустанот во кое беа сместени гигантските гради на убавицата.

Се разбира, „(не)среќниот“ момент не остана незабележен, напротив… Беше овековечен со уште неколку кадри и урнебес коментар на Нивес: „Упс… ми испаднаа ци*ките“!

Сепак, на крајот се’ среќно заврши, градите беа вратени на свое место, свадбената веселба траеше до зори, а „(не)згодните кадри“ завршија на стори… На Инстаграм кај Нивес, секако!

Фото: Инстаграм принтскрин/nivescelsius

Останати вести од Радио Милева