Мегафон
промо пилот

Јутјуберот има нов проект: Стефан Лазаров ќе ве води низ се’ што е подзаборавено, а е важно да се знае во Македонија (ВИДЕО)

Јутјуберот има нов проект: Стефан Лазаров ќе ве води низ се’ што е подзаборавено, а е важно да се знае во Македонија (ВИДЕО)

Откако упсеа да наниже 100.000 сабскарјбери кои го следат неговиот Јутјуб канал и за тоа доби признание, односно „клуч“ за нови уште поголемио можности од каналот, најпознатиот македонски јутјубер Стефан Лазаров покрај своите поткасти најави уште еден нов проект.


„Во недела во 18:00 започнуваме во нов проект на мојот канал чија цел ќе биде промоција на македонски села, промоција на историски моменти, прикажување на цркви, реки, планини и се што е подзаборавено, а е исклучително важно да се знае.

Сметам дека младите имаат потреба од ваков проект, а повозрасните ќе се потсетат на сите убави места кои ги има во Македонија…
Јас и мојот тим се надеваме дека ќе ви се допадне замислата во првата пилот епизода, па доколку не поддржите, после празниците започнуваме со редовно снимање“ – споделил јутјуберот на својот Фејсбук профил заедно со промо  видеоисечокот на кој со пејачот Ламбе Алабакоски седат во кафеана, каде пеат македонски патриотски песни.

Тоа несомнено значи дека првата епизода е снимана во родното место на Ламбе, преспанско Љубојно!

Фото: Фејсбук/Stefan Lazarov

Останати вести од Мегафон