Радио Милева
таа е или не е?

Јутјуберот и пејачката „се смуваа“ или таа само има своја двојничка: Лазаров во врска со Март(иј)а? (ФОТО)

Јутјуберот и пејачката „се смуваа“ или таа само има своја двојничка: Лазаров во врска со Март(иј)а? (ФОТО)

За Стефан Лазаров велат дека е момчето кое за кратко време ги освои симпатиите на гледачите на прва. И додека беше на ТВ како водител во  некои од најгледаните естрадни или утрински ТВ магазини, но и заради она што сега го прави на својот Јутјуб канал.

Некогаш млад, надежен фудбалер кој кариерата ја завршил пред и да ја почне заради тешка повреда, а потоа модел и ТВ водител и сега пејач и Јутјубер…

„Мултиталентиран мултипрактик“, што би рекле некои, за ова младо момче. А по таквите како по правило се лепат најубавите девојки во градот, иако како и за многу познати и популарни ликови  и сега како и со години наназад, се шират разни муабети.

Дека сето тоа се само „евтини чаршиски приказни“, Лазаров реши да и покаже и на пошироката јавност, па ја откри својата врска со  младата преубава девојка. Оние што ги знаат оддамна и од поблизу, се рзбира воопшто не се изненадени, но на оние кои Лазаров го знаат само од ТВ, Јутјуб или социјалните мрежи, кожата им се наежи кога видоа со кого Јутјуберот бил во врска?!

„Ма, не е можно? Стефан Лазаров во љубов со Мартија Станојковиќ?“   – тврдеа едни, додека други им делеа благослов велејќи дека ова момче и девојка се… „Баш супер двојка“! И човек да не ги знае, ќе помисли дека е така, иако тоа така, не е ниту од далеку!

Точно, Лазаров е во љубовна врска и тоа долга, петгодишна, со Марта… Ама не и со Мартија! Неговата девојка се вика така , ама не е онаа младата слатка, шармантна кумановка, позната и се’ популарна македонска пејачка, иако девојката на Лазаров, неодоливо потсетува на неа. Двете личат како „јајце на јајце“, како да се две сестри.

И Марта како и Мартија е со полни усни, влажен поглед и очи како на срна, бисер заби…  Вистинска убавица, која има повеќе од 10.000 следбеници на Инстаграм. Речиси идентични двете се како „близначки“, па затоа некој „случајно или намерно“ ги „измешал лончињата“ и ја „пуштил болвата“ во јавноста дека Лазаров е во врска со Март(иј)а! А тој всушност тој само ја сака Марта!

Иако сега повеќе нема дилеми која е која или кој е со која од нив, можеби има добра идеја за сценарио за музичко видео… Со приказна за заменет идентитет?!

Прашање е кој прв ќе го сними, Лазаров или Мартија? Или можеби заеднички… во дует?

 

Фото: Инстаграм принтскрин/__qmarr__/martijastanojkovic/_lazarovv

Останати вести од Радио Милева