Стандардна членка на македонската женска фудбалска А селекција Јулија Живиќ важи за најзгодната македонска фудбалерка. Како и фудбалската топка, популарната „бубамара“, која по боите и шарите оддамна не е „бубамара“, така и фудбалерките – оддамна не се она што се мисли: незграпни, груби, машкобањасти… напротив!
Русокосата убавица е жив доказ дека убавината и „најважната споредна работа на светот“ можат да одат заедно, дека високите потпетици секогаш може да ги замениш со „копачки“, фустанот со дрес, тангата со спортски гаќички, хулахопките и мрежестите чорапи со штуцни. Јулија однеодамна тргна својата спортска среќа да ја бара во фудбалскиот свет надвор од Македонија, поточно во хрватската женска фудбалска лига и тоа на релација Ријека – Сплит!
Tрансфер периодот покажa дека Јулија ќе остане да игра за ЖНК Сплит, кој е нејзиниот нов клуб со кој ќе настапува во женската Лига на шампионите.
Арно ама Јулија не е само одлична фудбалерка, туку и атрактивна русокоса убавица која со најновата сесија „сликички“, уште еднаш потврди дека е секси сирена и кога не е во копачки.
Имено, сексапилната Македонка логично е дека професионалниот престој на море, меѓудругото го искористи и за одредени сопствени задоволства и уживања. Уживањето на плажа под сончевите зраци е единствено чувство за многумина, па и за Јулија. Но, кога русокосата убавица ќе се соблече во мини бикини кои ги истакнуваат сите нејзини облини, мажите забораваат на „бубамарата“ и фудбалските мајстории, зашто во главата веднаш „им се плетат поинакви стории“ од возбудливата глетка што им ја нуди сексапилната фудбалерка.
View this post on Instagram
Испружена на песокот крај брегот Јулија има своја низа на правила кои обилно ги користи: „Дивеј, пушти ја косата, остави ја солта на кожата, оди на море, повтори го сето тоа“…
Вака некако изгледа нејзината листа на задоволства кога зелениот фудбалски тепих ќе го замени со песочниот морски брег!
Она што глетката ја прави уште повозбудлива и уште пожешка, а за некого Бога ми и „уште потешка“ се фотографиите од слединиот фото-сет… На нив во ултара секси црвени бикини Јулија плени со својот телесен раскош огледан во неодоливата привлечност и бујните облини.
Влажна и пожелна со високо подигнати гаќички додека излегува од морето…
…Или со заносен поглед што мами воздишки додека со длабоко “потонатата“ танга во спортски извајаната задница се шета покрај брегот…
…За конечно клекната на коленици налик на расните убавици од еротските насловници, да ја доведе возбудата до екстаза… На сопственото задоволство од летните убавини на плажа, оставајќи ги во воздишки и копнежи своите следбеници на социјалните мрежи.
И додека македонската фудбалерка се поти во теретана за што поподготвена да ја дочека новата сезона, нејзините обожаватели „се потат на суво“ од неодоливиот сексапил и раскошната телесна убавина на расната Јулија! Таа жива вода, тие жива згода!
Фото: Инстаграм принтскрин/zivic.julija