Радио Милева
пофалби од сите страни

Јована Јеремиќ го покажа новото момче, одржа мини – концерт, а доби и награда (фото)

Јована Јеремиќ го покажа новото момче, одржа мини – концерт, а доби и награда (фото)

Водителката Јована Јеремиќ за прв пат се појави во јавноста со својот партнер Ненад Санковиќ.

– Тоа е мојот пријател со привилегии. Тој ги има сите повластувања! Среќна сум, исполнета. Кај мене секогаш се е квалитетно, сериозно, исполнета сум во секоја смисла. Тој е мој тип на момче – изјави Јована за „Блиц.рс“.

Инаку, Јована е видена со својот партнер на фестивалот во Врњачка Бања „Врњачка музичка вечер“. А неговите постапки покажаа дека е длабоко вљубен во водителката. Ја држеше за раце низ толпата, и го носеше ранецот и ја сними кога пееше. Ниту еден момент не ја остави, згора на тоа, го снимаше секое нејзино движење, а и публиката која ја поздравуваше со овации.

– Ми кажа дека е воодушевен од мојот стајлинг вечерва. Ова е мојот стил, розови панталони, овој стајлинг ги истакнува моите атрибути. Дали е вистинско време да се каже „да“? Секогаш е вистинско време за вистинските работи! – истакна водителката на ТВ Пинк.

Јована официјално заплови во музичките води во Врњачка Бања. Водителката доби награда на фестивалот и одржала мини-концерт. Таа ја отпеа песната на Милица Павловиќ „Проверено“ и Северина. Публиката падна во транс и ја поздрави со овации, а таа им се заблагодари на сите.

Фото:Принтскрин/jeremicjovana/Антонио Ахел

Останати вести од Радио Милева