Радио Милева
„закана за убиство“...

Јоце Панов се депилираше на многу незгодно место, па тоа го доживеа… „убиствено“! (ФОТО)

Јоце Панов се депилираше на многу незгодно место, па тоа го доживеа… „убиствено“!  (ФОТО)

Македонскиот пејач Јоце Панов важи за еден од оние кои постојано имаат работа… Тезги, настапи, свирки, на штипјанецот никогаш не му недостасуваат, зашто Јоце знае како да направи незаборавна атмосфера, фантастичен штимунг, луд провод, забава за долго паметење.

Токму затоа пејачот е еден и од оние кои мора постојано да се средени „цакум-пакум“. Дотеран, стокмен, уреден, педантен,  современ маж – вистински метросексуалец, како што по ново таквите ги нарекуваат!

Во поново време Јоце пушти брада и мустаќи што на пејачот му даваат дополнителна доза на мажевност и сериозност.

Арно ама, мажевноста понекогаш бара и „женско одржување“, па затоа Јоце реши да замина на машка депилација… И тоа на многу незгодно место!

Имено, покрај редовното средување на брадата, за мустаќите да не му растат „одвнатре“ од носот нанадвор, туку само од под носот, Јоце отиде на средување на должината на влакненцата во отворите на дишниот орган. А влакненца како влакненца, каде и да ти растат, на ист начин се отстрануваат. Та биле тие околу препоните или во ноздрите!

Малку восок за депилација и неколку стапчиња со памуче за чепкање уши, овој пат пикнати во носот. Додека чекаш восокот да се залепи и зацврсти и некако… А потоа доаѓа моментот на вистината… Или пеколот, кој како го доживува… и поднесува.

Јоце Панов го доживеа – „убиствено“! Очигледно толку непријатно болно, што моментот го споделил на своите Инстаграм приказни со „закана за убиство“… до изумителот на депилаторската постапка:

„Кој го измислил ова, да одам да го убијам“ – напишал „искубаниот“ Јоце, кој овој пат покажа дека е „мажиште“ на „женски терен“.

Патем, откако ја почувствува „сета суровост на убавината“ веројатно и самот се запрашал: Што ли се треба да истрпат жените, во случајов неговите колешки-пејачките, за убавина? И тоа смело, по цело тело!?

Фото: Инстаграм принтскрин/jocepanov

 

 

 

Останати вести од Радио Милева