Радио Милева
Карлеуша купува на распродажба

Јелена Карлеуша: „Во Ѕвездите на Гранд се појавував во изданија од 500 и 1000 динари“

Јелена Карлеуша: „Во Ѕвездите на Гранд се појавував во изданија од 500 и 1000 динари“

Јелена Карлеуша важи за една од најдобро стилизираните јавни личности во регионот, а во една прилика истакна дека купува гардероба која е на распродажба.

Ова нејзина изјава изненади многумина бидејќи е добро познато дека пејачката дава многу пари на облека.

-Следам што ќе објават светските дизајнери, новите колекции за секое годишно време. Модата е мое хоби, јас со страст се занимавам со тоа. Јас во Гранд носев работи од 500 и 1000 динари (250 и 500 денари) кои ги купував на распродажба. Па, ќе земам ножици, игла и конец ќе сошијам, ќе ставам ремен, сандали, шминка и секогаш добивав најмногу лајкови за најевтините работи“, изјави Јелена во една прилика за „Гранд онлајн“.

На прашањето дали нејзините ќерки Атина и Ника ја наследиле страста за мода, таа вели:

-Мислам дека да. Веќе сами бираат гардероба, комбинираат бои. Тие се Тик Ток генерација, го имаат тој „street style“, широки дуксери и слично. Душко пред некој ден проба еден дуксер од нив и му беше голем, изјави Карлеуша.

Инаку, Јелена Карлеруша заедно со Марија Шерифовиќ и Сара Јо ќе настапува за Нова Година пред Собранието во Белград и нема да добие хонорар за новагодишната ноќ.

фото: инстаграм/карлеуша стар

Останати вести од Радио Милева