Радио Милева
драма

Јелена Карлеуша и ќерките евакуирани поради силниот пожар во Турција: Пејачката се огласи на Инстаграм – „Ова беше стресен и напорен ден“ (видео)

Јелена Карлеуша и ќерките евакуирани поради силниот пожар во Турција: Пејачката се огласи на Инстаграм – „Ова беше стресен и напорен ден“ (видео)

Пејачката Јелена Карлеуша заедно со нејзините ќерки е на одмор во Бодрум, Турција каде преживеа вистинска драма поради силниот пожар кој дојде и до хотелот каде што пејачката е сместена.

Туристите, меѓу кои беа Јелена и нејзините ќерки во текот на вчерашниот ден беа евакуирани. Таа  на својот „Инстаграм“ објави видео покажувајќи дека пожарот се доближува до хотелот, како и тоа дека ги подготвуваат за евакуација.

„Нема да верувате што се случува во нашиот фенси хотел, се гори, дојдоа да не евакуираат, јас сум тука со децата“, вели пејачката во видеото и се обидува да ги смири ќерките.

Во вечерните часови, гостите, меѓу кои Карлеуша и нејзините ќерки се вратени во хотелот, а пожарот е под контрола.

„Ова беше стресен и напорен ден. Предолго траеше ова лудило. Децата многу се исплашија. Коначно пожарот е под контрола, се надевам дека ноќта ќе биде мирна. Мојата поддршка и љубов за турските борци“, напиша пејачката.

Потсетуваме, Јелена заедно со ќерките на 28 јули  замина на одмор во Турција каде што одмара со ќерките во луксузно одмаралиште.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

 

фото: Инстаграм/карлеушастар/милоспх

Останати вести од Радио Милева