Радио Милева
принова

Јелена Бачиќ Алимпиќ стана баба: Писателката и поранешната водителка објави убава вест (фото)

Јелена Бачиќ Алимпиќ стана баба: Писателката и поранешната водителка објави убава вест (фото)

Писателката и поранешна водителка Јелена Бачиќ Алимпиќ на социјалните мрежи објави дека станала баба и добила внука. Имено, нејзиниот син Марко доби ќерка со својата избраничка Антонина, а среќната баба со тоа се пофали на социјалните мрежи.

“Станав баба! Ти благодарам Антонина за неописливата среќа! Те сакам најмногу на светот! Добре дојдовте ангелу на баба! Неопислива среќа”, напишала Бачиќ Алимпиќ на социјалните мрежи, не криејќи ја радоста за новиот додаток на семејството.

Да потсетиме, синот на Јелена Бачиќ Алимпиќ ја запроси својата долгогодишна девојка на Велигден 2021 година, а врската беше официјализирана со брак во септември истата година.

– Марко работи како менаџер во американска компанија и многу добро се снаоѓа. Со нетрпение ја очекувам секоја можност да поминуваме време заедно. Моите деца никогаш не сакаа да се појавуваат во медиумите. Навистина, тоа помалку и пречи на Дуња, но Марко едноставно не го сака, а јас го почитувам тоа – изјави еднаш Јелена за медиумите.

Писателката често јавно посочува колку е задоволна од изборот на нејзиниот син.

– Признавам, на почетокот бев недоверлива, затоа што побогу тој е „син единец, мајка на сите…“ Потоа Антонина влезе во неговиот, наш, живот, и иако на почетокот ми беше тешко да прифатам дека некој би го сакал исто како мене, дека некоја друга жена ќе биде до него кога не сум, со текот на времето сфатив колку сум благословена со мојата идна снаа – рекла Јелена во една прилика на Инстаграм кога објавила заедничка фотографија со снаа.

Фото: Принтскрин/Инстагарм/ Јелена Бачиќ

Останати вести од Радио Милева