Љубов и Секс

Јасни знаци – Доколку ги забележите овие работи во односот со мажот, знајте дека сте заглавени во токсична врска

Јасни знаци – Доколку ги забележите овие работи во односот со мажот, знајте дека сте заглавени во токсична врска

Доколку сте забележале одредени ситуации на однесување во врската кои често прават да се чувствувате лошо, заробени, како да нема решение или дека другата страна не сака да се согласи на компромис, а во исто време сите активности се одвиваат многу тешко и како да имате впечаток дека нешто форсирате, земете го сето ова во предвид и запрашајте се дали вреди вашиот труд во врската.

Сето ова може да бидат знаци дека не сте во врска со личност која ви одговара и со која градите здрава врска.

Кога се заљубуваме, често не ја гледаме реалноста. Логично е, бидејќи во тие моменти почнуваме да ги гледаме работите низ розови очила. Ова, се разбира, не значи дека се е во ред. Постојат знаци кои ќе покажат дека нешто не е во ред, и треба да обрнете внимание на нив, пред целосно да ви се скрши срцето.

Не се радувате на неговиот повик
Името на личноста со која сте во врска на екранот на вашиот мобилен телефон треба да ви донесе насмевка на лицето. Ако сè повеќе се мрштите кога ви се јавува, нешто не е во ред.

Секогаш ги ставате неговите потреби пред вашите
Во нормална врска, односот треба да биде 50:50. Ако постојано размислувате што би сакал и се ставате себеси на второ место, а тој тоа мирно го прифаќа, не сте во врска која е добра за вас.

Сите негови ветувања брзо испаруваат
Ако постојано ветува работи кои никогаш не се случуваат, тоа е знак дека само се обидува да ве изманипулира со своите ветувања.

Постојано наоѓате изговори за неговото однесување
За некои работи навистина има оправдување, но со некои треба да се повлече линија. Ако барате оправдување за секое негово однесување и често се обвинувате себеси, не сте во здрава врска бидејќи тоа не е нормално.

Вашата самодоверба е во постојан пад
Добрата врска нè прави полни со самодоверба, а ако вашата постојано опаѓа, можеби тоа е затоа што прифаќате работи што не треба.

Извор: Курир.мк