Љубов и Секс

Јасни знаци дека апсолутно не сте спремни за нова врска

Јасни знаци дека апсолутно не сте спремни за нова врска

Пред да влезете во нова врска, мора да расчистите со емотивниот хаос во кој се наоѓате. Најважно е да бидете искрени со себе, не да ги обвинувате другите.

Наместо да форсирате нова врска, можеби е подобро да направите пауза и го расчистите емотивниот хаос во кој се наоѓате. Кои знаци укажуваат дека воопшто не сте спремни за нова врска?

Не можете да дефинирате што е здрав однос

Дефинирањето здрава врска бара повеќе од гледање туѓи врски и обиди да бидете како нив. Тоа бара посветеност, учење за себе и товарот што го носите во врската. Првин потрудете се да одвоите време да истражите кој сте, зошто имате одредени уверувања во односите и како може да бидете подобар партнер, но и како подобро да одберете партнер.

Имате нездрави граници во врската

Цврстите граници значат дека веројатно избегнувате интимност и блиски односи, а можеби ќе бидете опишани и како емоционално одвоени во врската. Ниту еден партнер нема да сака да биде со вас во врска поради овие граници.

Ако ви е тешко да кажете „не“ на барањата на партнерот, дури и кога не го сакате тоа, прифаќате малтретирање и непочитување. Партнерот може да остане со вас само за да извлече што повеќе од вас или ќе си замине бидејќи ќе се чувствува премногу емоционално истрошено поради вашата потреба.

Во врска сте само за да не бидете сами

Осаменоста не е исто што и немањето врска. Самотијата се однесува на вашиот однос со самиот себе. дали водите сметка за вашите потреби, дали се сакате себеси?

Осаменоста ќе го помати вашето расудување во врската. Вие ги жртвувате вашите вредности и принципи, занемарувајќи ги раскинувањата за да не бидете осамени.

Решете го проблемот на вашата осаменост пред емоционално да се поврзете со некој.

Извор:Кајгана.мк