Радио Милева
едниот ко елвис, другиот ко бесен рис

Јасмин Алиоски мина во следниот круг на „Ѕвездите на Гранд“ – Мили го спореди со Елвис, но неговиот ментор Ѓорѓе Давид не беше задоволен: „Јасмине, ќе те гаѓам со чевелов“ (ФОТО)

Јасмин Алиоски мина во следниот круг на „Ѕвездите на Гранд“ – Мили го спореди со Елвис, но неговиот ментор Ѓорѓе Давид не беше задоволен: „Јасмине, ќе те гаѓам со чевелов“ (ФОТО)

На големата сцена на „Гранд“ викендов се појави и нашиот Јасмин Алиевски, кој настапи во пар со Маја Јевтиќ од Рогатица. На оваа дуел-двојка ментори им беа Марија Шерифовиќ и Ѓорѓе Давид, кои дадоа се од себе за што подобро да ги претстават своите натпреварувачи пред милионската публика.


Шармантниот Јасмин се претстави со песните „Ако ме оставиш“ и „Кад се душе сретну“, додека убавата Маја за оваа вечер ги избра песните на членови на жирито „Ничија“ оригинално во изведба на Ана Бекута и „Исусе“ отпеана од Цеца Ражнатовиќ.

Како што течеа минутите, тие беа сè поопуштени, но, на крајот победи  нашиот Јасмин со максимални шест гласа, додека Маја имаше четири гласа што и беа доволни за пласман во баражот. Иако Јасмин ги доби максималните шест гласа,  сепак хармоникашот Босанац не беше задоволен од вкупниот впечаток, па му упати неколку критики.

„Став, прва песна, многу убаво, втората песна – многу убаво, но помалку убаво. Интонацијата може и подобро, но… Сакаше стилски да му се приближиш на Мишо Ковач, па на крајот беше малку премногу.Добро се бореше со високите тонови, но треба да обрнеш внимание на тоа „Ш“, можеш да го слушнеш, секој го слуша. Што се однесува до вторат песна, почетокот беше катастрофа, а потоа до крајот  не можем да ти забележам.

Мили не падна на оваа провокација, туку искажа став кој е тотално спротивен од она што го кажа Босанац.
„Кандидат број еден, имаш сопствен бренд, имаш едно движење што го правиш и тоа е навистина твојот бренд. Тоа сум го видел само кај Елвис Присли, навистина си одличен и мене си ми омилен“.

Цеца само додаде: „Се согласувам со се што кажа Босанац“.

Снежана, пак, имаше поинакво мислење, па отворено кажа дека двајцата кандидати се изедначени: „Мислам дека вечерва бевте воедначени, особено во првата песна“ – додаде Снежана.

Сепак менторот на Јасмин, рокерот Ѓорѓе Давид не беше задоволен:

„Јасмине, сега ќе те гаѓам со чевел, немој да го држиш тој зајак кај срцето, пушти го нека скока. Неприфатливое ова штоти кажа Босанац,  таа да  ја започнеш втората песна. Имаше уште  некои недостатоци во втората песна, а благодарност до жирито што објективно го оценија твојот напредокот. Беше полош отколку на пробите, ова е самоветер во грбот за мене и тебе и знак дека сме се награбусиле во третиот круг“ – му порача Ѓорѓе на својот кандидат.

Настапот на Јасмин Алиески во последното издание на „Ѕведите на Гранд“и коментарите на жирито погледнете ги на 1 час и 37 минутиво видеото во продолжеие (КЛИКНИ ТУКА):

Останати вести од Радио Милева