Радио Милева
стапна на лудиот камен

Јас сум горд татко: Еди Марфи ја придружуваше ќерката до олтарот (фото)

Јас сум горд татко: Еди Марфи ја придружуваше ќерката до олтарот (фото)

Ќерката на Еди Марфи, Бриа, се омажи за актерот Мајкл Завиер. Свадбената церемонија била одржана во Беверли Хилс, а невестата до олтарот ја придружил нејзиниот татко Еди.

На свадбата присуствуваа 250 блиски пријатели и членови на семејството. По церемонијата, Еди им се обрати на гостите и им посака добредојде.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ExtraTV (@extratv)

– Драго ми е што луѓето можат да ја видат мојата голема ќерка. Јас сум горд татко, имав навистина среќа со моите деца. Се покажаа како добри луѓе – рече Еди Марфи обраќајќи им се на гостите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Murphy (@nikimurphy)

Актерот има пет деца од првиот брак со сопругата Никол, а Бриа е најстарата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ExtraTV (@extratv)

На венчавката таа се појави во бел фустан со разголени раменици,  дизајниран од позната дизајнерка.

Венчаницата со долги ракави ги истакна рамениците на невестата, која раскошниот фустан го надополни со блескав пар обетки и ланче. Младоженецот носел смокинг кој одлично ги следел линиите на неговото тело.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

Останати вести од Радио Милева