Радио Милева
да купат стан

„Јас лично ќе ви го раскинам договорот“: Финалистот во „Ѕвездите на Гранд“ откри што им кажал Саша Поповиќ ако не исполнат една работа

„Јас лично ќе ви го раскинам договорот“: Финалистот во „Ѕвездите на Гранд“ откри што им кажал Саша Поповиќ ако не исполнат една работа

Директорот на Гранд Продукција, Саша Поповиќ нема влакна на јазикот кога станува збор за учесниците во музичкото шоу.

Многу пејачи се прославија во текот на музичкото шоу, а во претходната сезона се издвоија Махир Мулалиќ  и финалистетот Исак Шабановиќ.

Исак сега откри што Поповиќ им порачал на него и на некои од учесниците.

-Купив стан, не во Белград, туку во Подгорица, но сум пресреќен. На нас Саша Поповиќ ни кажа: „Кој не купи стан за две години, лично ќе му го скинам договорот“. И ете јас си купив за шест месеци,а за две години можеби ќе купам во Белград, изјави пејачот.

Исак важеше за еден од фаворитите во музичкото шоу, но не успеа да го освои првото место.

фото: Немања Николиќ/Ана Паунковиќ/курир телевизија/принтскрин/инстаграм/звезде гранда

Останати вести од Радио Милева