Љубов и Секс

„Јаб-јум“ ќе ве распамети: Ова е една од најмоќните пози во сексот во која еднакво уживаат и мажите и жените

„Јаб-јум“ ќе ве распамети: Ова е една од најмоќните пози во сексот во која еднакво уживаат и мажите и жените

Сексот е добар начин за ослободување од стресот, а оваа поза се препорачува како посебно „делотворна“.

„Јаб-јум“ може да биде изразено моќна поза доколку партнерите го синхронизираат своето дишење и се гледаат во очи, објаснила сексологот д-р Керол Квин.

Сексот е еден од најдобриот начин за ослободување од стресот.

„Оваа поза е инспирирана од тантричкиот секс и им овозможува на партнерите да се фокусираат еден на друг, што само по себе го ублажува стресот“, вели сексологот д-р Керол Квин, пренесуваат медиумите.

Како се изведува?

Мажот треба да седне со скрстени нозе, а партнерката да седне на него свртена со лицето кон него и нозете да ги постави околу долниот дел од неговиот грб.

Партнерите треба да се прегрнат со рацете и да се гледаат во очи. Позата е добра за жените поради тоа што можат да ја контролираат пенетрацијата, а и пенисот најмногу да го стимулираат на најчувствителниот дел од вагината.

„Јаб-јум може да биде исклучително моќна поза доколку партнерите го синхронизираат дишењето и се гледаат во очи. Додавањето на тие елементи ве забавува и фокусира на задоволството, па може целосно да се опуштите во оваа изразено интимна поза“, заклучила д-р Квин.

извор: точка.мк