Живот и Стил

Изобилство на витамини: Овој начин на подготовка на пилешка чорба со зеленчук ќе ве воодушеви

Изобилство на витамини: Овој начин на подготовка на пилешка чорба со зеленчук ќе ве воодушеви

Во зимските денови, кога на организмот му се потребни здрави состојки, витамини и минерали, најдобро е во вашата кујна да имате јадење кое ќе го зајакне вашиот имунитет.

Состојки:

– 1 тиквичка;
– 1 морков;
– 1 компир;
– Магдонос;
– 1 лимон;
– Масло за јадење;
– Пилешко месо.

Подготовка:

Прво потребно е да го сварите пилешкото месо, па потоа да го исечкате на ситни парчиња.

Кога пилешкото ќе се свари, исцедете го и водата во која сте го вареле зачувајте ја затоа што ќе ви биде потребна за понатамошната подготовка на чорбата.

Потоа, во тенџере во кое ќе ја правите чорбата ставете масло за јадење, па испржете ги исечканиот морков, тиквичка и компир. Кога добро ќе ги испржите додадете една лажица брашно.

Потоа, кратко пржете, па додадете ја водата во која го варевте пилешкото месо. Уште малку варете, па додадете го пилешкото месо и продолжете да варите додека зеленчукот не омекне, но пред крај додадете и исечкан магдонос.

Пријатно јадење!

извор: точка.мк