Љубов и Секс

Изложувањето на сонце ги зајакнува романтиката и страста во врската

Изложувањето на сонце ги зајакнува романтиката и страста во врската

Според израелските истражувачи од Универзитетот во Тел Авив, изложеноста на ултравиолетово зрачење од сончева светлина може да ја зајакне вашата романтична врска со партнерот и да ја зголеми страста.

Како што за Healthline вели Кармит Леви, професор по биохемија на човечка молекуларна генетика на Универзитетот во Тел Авив, изложеноста на сонце или УВ зрачење (многу блага изложеност – не црвенило) преку кожата кај луѓето го подобрува сексуалниот систем и некои аспекти на романтичната страст.

Леви објаснува дека два кожни системи во телото реагираат на изложеност на УВ зрачење: едниот произведува пигмент за заштита на кожата од последователно изложување на УВ зрачење, а другиот се нарекува систем за обновување на ДНК.

Кога УВ зраците удираат врз кожата, тие предизвикуваат оштетување на ДНК во клетките на кожата. Системот за поправка на ДНК, кој започнува да работи милисекунди по изложувањето на УВ зраци, почнува да ја обновува оштетената ДНК.

„Откривме дека системот за обновување на ДНК што ја препознава штетата и почнува да ја поправа, исто така, го активира ендокриниот систем за сексуалност“, вели Леви.

Нејзиното истражување вклучува изложување на 32 студента на 20-минутна UVB фототерапија. На учесниците им била земена крв пред и по изложувањето. Тие, исто така, пополниле прашалници за нивниот статус на романтична страст и агресија.

По изложувањето на сонце, и машките и женските учесници покажале зголемување на романтичната страст. Мажите, исто така, забележале и зголемување на нивото на агресија.

„Беше неверојатно да се види дека и кај мажите и кај жените видовме подобрување во половиот хормонски систем, не вистинските хормони, туку сексуалниот систем, како и метаболизмот и имунолошкиот систем“, додава таа.

Се надева дека нејзиното истражување ќе ја отвори вратата за подобро лекување на состојбите поврзани со половите хормони и оние погодени од ендокриниот систем.

„Можеби фототерапијата може да се користи за решавање на овие аспекти. Сигурно се потребни повеќе истражувања, но ова ги отвори идејата и умот во таа насока“, вели Леви.

извор: кајгана