Мегафон

Изложба: Илјада години Бигорски манастир во Музејот на македонската борба

Изложба: Илјада години Бигорски манастир во Музејот на македонската борба

Изложбата 1000 години Бигорски манастир е поставена во НУ Музеј на македонската борба за самостојност.

Реализирана во соработка со Бигорскиот манастир и Ансамблот Македонија, изложбата дава пресек на духовното и материјално богатство на манастирот во неговата богата историја од илјада години постоење.

Дел од изложените материјали се и осум олтарни, две чудотворни, две тронски икони, Кивот од капакот на моштите, како и особено драгоцени и вредни предмети од XVIII, XIX и XX век – Митра, Игуменски крст, Епетрахил, Жезол, Рипиди со Серафими…

Изложбата е отворена за сите посетители од 19 до 28 ноември 2021 година согласно актуелните мерки и протоколи за зашитита од Ковид, а влезот е слободен.