Радио Милева
упорна до целта

Ивона Јовановиќ ослабе 53 килограми: „Сакам да ме препознаваат по гласот, не по стасот“ (видео)

Ивона Јовановиќ ослабе 53 килограми: „Сакам да ме препознаваат по гласот, не по стасот“ (видео)

Младата пејачка Ивона Јовановиќ  публиката ја памети по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Имено, Ивона се покажа во одлично светло и сите го пофалија нејзиниот глас. Меѓутоа, откако испадна од музичкото шоу, Ивона истакна дека Гранд не ја прифатила нејзината дебелина и  дека никогаш нема да се врати во натпреварувањето.

Јовановиќ изминатиот период успеа да ослабне – 53 килограми. Таа беше на стеснување на желудникот и успеа да се ослободи од вишокот на килограми.

Во „Жешко столче“, Ивона истакна дека премногу бил фокусот на нејзината дебелина, а не на нејзиниот глас.

Како што кажа, таа не направила операција поради критиките за дебелина туку поради здравствени причини.

-Причината за стеснување на желудникот е сопственото здравје и потребата да се тргне фокусот од мојот изглед бидејќи позади мене имам милиони квалитети за кои сум свесна. Дебелината тоа некако го саботираше, вели Јовановиќ.

Таа откри дека наскоро ќе оди во Белград да работи на нови песни со добар познат компизтор, но не откри за кој се работи.

Целото интервју погледнете го во видеото подолу.

фото: принтскрин/инстаграм/јутуб

Останати вести од Радио Милева