Радио Милева
мотивација - инспирација

Ивона Јовановиќ ја критикуваа поради вишокот на килограми во „Ѕвездите на Гранд“, а сега ослабе 28 килограми: „Благодарна сум на можноста да бидам среќна и исполнета“

Ивона Јовановиќ ја критикуваа поради вишокот на килограми во „Ѕвездите на Гранд“, а сега ослабе 28 килограми: „Благодарна сум на можноста да бидам среќна и исполнета“

Кумановката Ивона Јовановиќ публиката ја памети по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Ивона со својот глас ја освои публиката и добиваше само пофални зборови за пеењето, но многумина ја критикуваа поради вишокот на килограми.

По испаѓањето од музичкото шоу, Јовановиќ истакна дека  продукцијата не го прифатила нејзиниот изглед и дека никогаш нема да се врати во „Ѕвездите на Гранд“.

„Ви благодрам за подршката која ми ја подаривте од септември до сега. Ова не е пораз, ова е лекција. Мојот изглед Гранд никогаш не го прифати, па затоа мојот вокал никогаш нема да се продава таму. Сите кои имате предрасуди за мојот изглед и дебелината ве молам напуштете го профилот. И никогаш повеќе не се враќајте тука! Една огромна благодарност до тимот кој ми помогна во најтешките моменти, напиша тогаш Ивона на Инстаграм.

Меѓутоа, неодамна Ивона направи скратување на желудникот во Турција и сега води здрав начин на исхрана и физичка активност.

-Од каде да почнам? Од благодарноста кон моите родители кои не себично ми пружија љубов и секој вид поддршка за овој нов чекор во мојот живот. Благодарноста е таа која овој период ме дефинираше како прав зрел човек. Во моменти на најголемата болка која сум ја искусила во мојот живот, јас велев дека можам и дека ќе успеам. И успеав. Се разбудив жива и здрава од операцијата и во овој момент сум на пат кон здрава верзија на Ивона. За самата процедура нема да зборам сега. Ќе се задржам на емотивниот момент и одлуката.
Долго време на мојот профил читате за прифаќањето на самите себе и љубовта кон себе. И стојам уште до тоа. Без прифаќање на реалната ситуација и согледување на своите ЧУВСТВА немаше никогаш да прифатам овакво нешто. Прифати за да можеш да промениш е мотото кое ми одзвонуваше во главата секојдневно. Прифати за да можеш да промениш. И последните недела дена пред операција ( моментот бикини на плажа) беа тие денови кога живеев слободно. Ја почувствував слободата на сопственото тело. Одлучив овој процес да оди јавно без цензура. Се што ќе се случува со мене ќе го проаѓаме заедно. Ве сака ИвонаЈо“, напиша тогаш на својот Инстаграм.

Ивона започна со физичка активност, па редовно оди на пешачење во природа, но и редовно вежбање.

Еден месец по операцијата, Ивона го облече своето омилено парче облека – тренерки кои претходно не можела да ги облече, а сега и беа широки.

Јовановиќ во последниот пост на Инстаграм обзнани дека успеала да ослабе 28 килограми и покажа како изгледа со минус килограми на себе.

„Денес завршува вториот месец од мојот втор роденден. Многу емоции насоберени во мене имам денес. Испомешано ми е се. Но едно сигурно знам. Го живеам животот во овој момент и благодарна сум на можноста да бидам среќна и исполнета.
28 килограми си заминаа и го напуштија моето тело засекогаш. Секој килограм остава трага на моето тело надевајќи се дека никогаш нема да заборавам низ што се поминавме заедно.
За овие два месеца најважната лекција за совладување ми беше спроведување на здрави навики во исхраната: јадење на три часа, пиење на течност, 30 минути пред и после јадење течност не, Внес на протеини, Физичка активност сон од 7-8 часа дневно, And I did it!“ напиша таа.

Ивона Јо е само уште еден пример дека кога нешто се сака, се може!

фото: принтскрин/инстаграм/мартин трајановски

Останати вести од Радио Милева