Радио Милева
убавицата на навивачки маки

Ивана Кнол пристигна во Катар: Најпознатата хрватска навивачка едвај чека да се соблече (ФОТО)

Ивана Кнол пристигна во Катар: Најпознатата хрватска навивачка едвај чека да се соблече (ФОТО)

Најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол пристигна во Катар на Мундијалот, а пред заминувањето ги изнесе впечатоците за лошата годинешна организација.

Ивана во своите стории на Инстаграм го напиша својот осврт за организацијата на Светското првенство и откри што и пречи.

– Ова е катастрофа! Жал ми е за сите луѓе кои не можат да одат на СП поради најлошата организација во историјата! И по 20 дена мојот придружник не доби одобрение за влез во земјата иако ги има сите карти до финалето.

Сите наши пријатели исто така! Очигледно сум среќна што ќе ја бодрам Хрватска, а Катар како Катар, го испраќам на едно друго место! И сега ми е сосема јасно зошто толку многу луѓе не сакаа ни да учествуваат во овој циркус! – напиша Ивана.

 

Пред тоа на својот профил на Инстаграм објави фотографии на кои позира на песочна плажа во минијатурно бикини со хрватски шаховски дезен, а под истата напиша:

– Што мислите дека ќе облечам за Катар? – изјави познатата навивачка.

Не те очекувам во некое „почесно“ издание од костимот на Колинда – меѓу првите коментираше Невен Цигановиќ, кој очигледно е особено задоволен од изданието на поранешната хрватска претседателка.

„Ќе им пречиш на играчите“, „Ќе бидеш најубавата навивачка“, „Бомба“, „Навистина си убава – ова се само дел од многуте коментари под фотографијата.

Да потсетиме, Нол на тамошната јавност и стана позната за време на Светското првенство во Русија во 2018 година, кога срдечно ги бодреше хрватските фудбалери, а по нејзините фотографии од натпреварот меѓу Хрватска и Нигерија, кои ги видоа целиот свет, таа го доби прекарот за најсекси навивачка.

Оттогаш, нејзината популарност на Инстаграм значително порасна, каде што сега има повеќе од половина милион следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Knöll (@knolldoll)

Таа најчесто на својот профил ги објавува своите разголени видеа и фотографии во кои уживаат илјадници фанови, па така беше и сега, по нејзиното пристигнување во Катар.

Иако во Катар важат строги закони и не им е дозволено на жените да се разголуваат, очигледно Хрватката не е загрижена за тоа дека може да биде уапсена, па овој пат реши да ги покаже бујните гради.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Knöll (@knolldoll)

Таа пред стадионот пред мечот Хрватска-Белгија привлече големо внимание. Сите сакаа да се фотографираат со неа, а кога влезе на трибините буквално сите камери и папараци,но „влажните погледи“ на „возбудените шеици“ беа вперени кон неа.

Фото: Инстаграм принтскрин/knolldoll

 

Останати вести од Радио Милева