Промотер

Иван Илиев ви се „исповеда“ како изгледа кога во љубовта се’ ќе ти отиде во – „Бестрага“ (ВИДЕО)

Иван Илиев ви се „исповеда“ како изгледа кога во љубовта се’ ќе ти отиде во – „Бестрага“ (ВИДЕО)

Младиот македонски пејач Иван Илиев ја објави песната и видоспотот за неа, насловена како „Бестрага“. Музиката и стиховите се авторско дело на познатиот македонски музичар, виолинистот Горјан Стојановски член на фолк групата „Скопски боеми“, додека аранжманот го потпишува Драган Ристовски во чие студио „Д.Р.Д. медиа“ песната и е снимена. Истата пак е миксана и мастерирана во студиото „Анастасија“.

Видеоспотот е снимен на неколку атрактивни локации кај нашиот јужен сосед – Грција, а истиот го потпишува „Ај контакт“ продукција, во режија на Алек Тасевски.

 

Во видеото покрај пејачот главната женска ролја ја има шармантната убавица, младата Мила Велевска.

 

„Со Мила немам ништо приватно, освен професионална соработка во видеото. таа е прекрасна млада дама и затоа изборот падна на неа. кадрите ги снимавме на неколку лојкации во Грција, во Калитеа, Афитос и Атина“ – вели пејачот кој за потсетување имаше дует и со фолкерката Ирена Спасовска со која направија неколку кавери на познати српски турбо-фолк хитови.

Како звучи и изгледа кога во љубовта се’ ќе ти отиде во „Бестрага“ проследете од видеото на Иван Илиев: