Во истражувањето спроведено од британска онлајн продавница за сексуални помагала, учествувале 1.171 испитаници, а заклучокот е дека жените се „побучни“ од мажите за време на водењето љубов.
Дури 92 отсто од жените кои учествувале во истражувањето поттикнато од британскиот Универзитет на Лидс, велат дека се гласни в кревет, оти сметаат дека поради тоа сексот ќе биде подобар.
Испитаничките главно се согласуваат дека гласното водење љубов влијае на самодовербата на партнерот и на неговиот „перформанс“ во креветот. Резултатот од сето тоа е поголемо меѓусебно задоволство.
Сексологот Трејси Кокс смета дека жените можеби чувствуваат и притисок да бидат гласни, за уживањето да биде поголемо.
Извор: Сител.мк
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.