Liberty Games неодамна на својата веб-страница ја објави листата на најслушаните музичари во светот за изминатата 2022 година. Liberty Games до резултатите дојде врз основа на пресметката на прегледите на Јутјуб.
Интересен податок за регионот е дека младиот пејач Михајло Веруовиќ, попознат како Војаж беше најслушаниот изведувач во Македонија.
Додека „Хајде“ на Теа Таировиќ е најслушана песна кај нас, објави босанскиот портал Кликс.
Според ова истражување, се покажа дека раперот Јала Брат е најпопуларен изведувач во целиот регион.
Зашто тој освен во Босна и Херцеговина, е најслушан и во Србија, Хрватска, Црна Гора и Словенија.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.