Радио Милева

Исповед на Ѓорѓе Давид откако ја победи короната: Рокерот откри што најтешко му паѓало додека бил во болница

Исповед на Ѓорѓе Давид откако ја победи короната: Рокерот откри што најтешко му паѓало додека бил во болница
фото: инстаграм

Пејачот Ѓорѓе Давид оздраве од коронавирус, излезе од болница и откри кои мерки му биле најтешки да ги почитува.

„Кога излегов од болница и седнав во автомобилот, јас бев  во шок, излегов на чист воздух. Првите 15 минути ми беше тешко на главата бидејќи по 16 дена јас излегов на сонце“ вели рокерот и додава.

„Додека бев таму во четири ѕида, размислував за се и сешто, но најтешко е кога ги гледаш луѓето кои ментално се слаби како го поднесуваат ова. Јас секогаш разговарав со луѓето околу себе и гледам дека тоа даде плод“ вели пејачот.

фото: ата имагес

„Најтешко ми беше тоа што сите кои бевме во соба можевме да си обезбедиме само некои основни работи. Мене најтешко ми паѓаше компромисот кој мораше да го има. Се договориме кој кога ќе се тушира, кој кога ќе оди во тоалет, кој кога ќе излезе на тераса, дали да се отвори прозорец или не. Човекот кој е роден во 1947 година беше најстар меѓу нас и сите му се прилагодувавме. Ние сакавме да имаме отворени прозорци, а на него му беше ладно. Тоа се работи кои тешко паѓаат во овој вид на хоспитализација, особено кога луѓето кашлаат цела ноќ“ вели Ѓорѓе Давид.

фото: ата имагес

„21 ден морам да бидам во изолација, првите 7 дена не смеам никаде да одам, а потоа може да излезам до околината на мојата зграда. По 21 ден можем да си го дозволам тој лускуз да земам маска и ракавици и да излезам да купам нешто“ вели членот на жирито на „Ѕвездите на Гранд“.

Тој откри дека се уште не ја видел својата наследничка и тоа тешко му паѓа.

„За жал, со ќерката се немам видено. Ќе останеме на видео повици. Ова веќе е друго чувство. Со излегувањето од болница се чувствувам поблиско. Влегов во својот стан, се истуширав во бањата, си направив ручек. Сега повеќе ќе ценам некои работи и луѓе“ вели пејачот.

Останати вести од Радио Милева