Радио Милева
Болат уши

Исплива уренебесна снимка од „Ѕвездите на Гранд“: Теа Таировиќ ја исплаши Зорица Брунцлик со своето пеење (видео)

Исплива уренебесна снимка од „Ѕвездите на Гранд“: Теа Таировиќ ја исплаши Зорица Брунцлик со своето пеење (видео)

Денес успешната пејачка Теа Таировиќ ја започна својата кариера во „Ѕвезде Гранда“, каде првпат се појави на 17 години.

Повеќето од членовите на жирито на овој натпревар не го предвидоа нејзиниот успех и ја советуваа да работи на пеењето, иако го пофалија нејзиниот сценски настап.

Пејачката за време на едно свое претставување дури за момент со својот „талент“ ја исплаши Зорица Брунцлик која тогаш беше во жирито.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Top Vokal (@top.vokal)

Оваа интересна снимка повторно стана достапна за јавноста, односно се појави на една страница на Инстаграм, а корисниците коментираа дека не им се верува како некогаш пеела Теа, но и како изгледала.

Инаку, Таировиќ на оваа снимка ја отпеа песната на Нина Бадриќ „Такви као ти“, а своите грешки ги оправда со голема трема.

фото:Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева