Радио Милева
обелоденија и признаа

Исак Шабановиќ: „Верен сум, ме интересира само Александра“

Исак Шабановиќ: „Верен сум, ме интересира само Александра“

Веста за врската на пејачот со колешката Александра Младеновиќ  ги изненади многумина. Иако врската ја криеја два месеци, Исак и Александра вчера за прв пат беа фотографирани заедно. Откако нивните фотографии се појавија во јавноста, парот  прозборе за тајната врска.

Прв проговорил Исак кој ги потврдил наводите за врската, а потоа и Александра сакала да престанат шпекулациите, па признала дека ужива во заљубувањето.

Исак ги споделил деталите за љубовта, па изјави дека довербата е она што им е најважно.

„Разбирањето за нашата работа се подразбира  и ние  имаме разбирање еден за друг, така што многу  е полесно да ја работиме истата работа. Во нашата врска најважна е довербата. Жените постојано ми приоѓаат, но јас сум многу верен човек и мене ме интересира само Александра“, изјавил пејачот за „Гранд онлајн“.

Фото:Принтскрин/Горан Срданов/нова.рс/Филип Краинчаниќ/нова.рс/aleksandra_mladenovic_/isakciksy/

 

Останати вести од Радио Милева