Радио Милева

Ирина Шајк и Бредли Купер конечно постигнаа договор околу старателството на нивната ќерка

Ирина Шајк и Бредли Купер конечно постигнаа договор околу старателството на нивната ќерка
фото: Марио анзуони/ројтерс/пиксел

Руската манекенка Ирина Шајк и Бредли Купер конечно постигнаа договор околу старателството на нивната ќерка.

Според последните информации, парот завршил со преговори кон почетокот на оваа година.

Главната адреса каде што ќе ја гледаат ќерката ќе биде во Њујорк, а тие ги поделиле и грижите околу детето.

фото: џон валтрон

Со оглед на нивните професии и работа, кај кого ќе биде ќерката зависи од нивниот распоред, пишува 24сата.хр. Ирина и Бредли ги договориле деталите, а на прво место им е доброто на ќерката, пишуваат медиумите.

Во последните неколку дена, Леа е видена како се шета со Ирина во Њујорк.

За потсетување, парот раскина по четиригодишна врска. Во тој период се нагодуваа различни причини за нивната разделба, а една од нив беше и настапот на „Оскари“ на Лејди Гага и Бредли Купер, па ја обвинија Гага дека таа е виновна за нивното раскинување.

Останати вести од Радио Милева