Радио Милева
лична традиција?

Ирена Спасовска реши да се фрла за Водици, а еве и каде: „Некој ќе скока… од радост и задоволство“! (ФОТО)

Ирена Спасовска реши да се фрла за Водици, а еве и каде: „Некој ќе скока… од радост и задоволство“! (ФОТО)

Еден од големите христијански празници „Богојавление“ или кај народот познат како „Водици“  е познат по својата вековна традиција на фрлање, односно фаќање на крстот. Свештените лица по богослужбата го обавуваат чинот на фрлање, а избраните верници скокаат, односно се фрлаат по крстот во студените јануарски води на реките, езерата, некаде по селата по потоците, па дури и во ѕиданите корита на селските чешми…  Во последно време традицијата е модернизирана, па по крстот се фрлаат и во отворените базени по градовите таму каде што ги има, а некаде каде што нема такви, дури и специјално се пумпаат оние на компримиран воздух, само за да се изврши обредот, односно да не се прекине традицијата.

И таман сте помислиле дека се сте виделе, македонската фолкерка Ирена Спасовска најави нешто што за Водици досега не е видено. Можеби неа и е познато, дури можеби и го практикувала и порано како традиција, ама јавно досега не го обзнанила.

Имено, пејачката која по разводот реши „да си го живее животот“ по свое, овој пат на социјалните мрежи јавно соопшти дека годинава и таа ќе се фрла за Водици… И тоа на мошне необично место… Само што за нејзиното фрлање за празникот потребни се два предуслова: топла вода и инспиративен придружник! А еве и зошто?!

Ирена ни помалку ни повеќе, на својот Фејсбук профил сподели статус со кој јавно најави дека за Водици е цврсто решена да му се фрли во туш кабината… Кому – не кажа, име не обзнани, ама затоа кажа што тој – некој теба да направи, ако сака наместо крстот, да ја фати в раце фолкерката, односно да  ја дочека во прегратка. Претходно ќе треба да го вклучи бојлерот, зашто русокосата сирена од туш кабината, не се фрла ако водата е студена!

После ова не е до крај јасно, дали ваквиот чин на „фрлање“ на пејачката за Водици во туш кабината ќе се смета за  продолжение на традицијата, но затоа – едно е сигурно: Она што фолкерката ќе го фати гарант ќе ја усреќи и направи да скока од радост… и задоволство! Многу веројатно – обострано!

Затоа, вклучи го уште сега бојлерот, за фолк „скокачката“, пардон – пејачката, случајно да не се премисли, а  и ти многу не му ја мисли… Ирена има доказ кој оддамна го посочила, дека со „слични ситуации“,  веќе се соочила:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irena Spasovska (@spasovska.irena)

Фото: Инстаграм принтскрин/spasovska.irena

Останати вести од Радио Милева