Вистаграм

Инстаграм „лудува“ по неа! Дали ова е навистина најубавата жена на светот? (фото)

Инстаграм „лудува“ по неа! Дали ова е навистина најубавата жена на светот? (фото)

Романската манекенка и актерка Мадалина Генеа е нова светска ѕвезда и Инстаграм ‘лудува’ по неа.

Повеќе од милион следбеници на Инстаграм се убедени дека таа е најубавата жена на светот во моментов.

Интернет екипата е особено импресионирана од нејзините фотографии без шминка на социјалните мрежи, а Мадалина постојано прави нови фотографии и модни кампањи.

34-годишната Романка успешно зачекорила во филмските води со улогата на Софија Лорен во филмот „House of Gucci“, а поради нејзиниот изглед многумина ја споредуваат со познатата актерка. Некои мислат дека е поубава од Софија Лорен.

На Инстаграм ја следат повеќе од милион корисници, а на нејзината убавина не одолеале ниту познатите момци со кои била во врска, како Џерард Батлер, Мајкл Фасбендер и Леонардо ди Каприо.

Извор:Супермен/Кармин.мк

 

Останати вести од Вистаграм