Вистаграм

Инстаграм и реалност: Ја покажа разликата на реална и „совршена“ фотографија

Инстаграм и реалност: Ја покажа разликата на реална и „совршена“ фотографија

Карина Ирби (32) е дизајнерка на костими за капење и многу влијателна на социјалните мрежи, бидејќи често споделува фотографии „пред и потоа“, со кои сака да покаже како изгледа реалноста на „совршените“ фотографии на Инстаграм.

Таа сподели цела серија слики, од кои едната е дотерана, префинета и изменета верзија, а другата е поискрена, односно „понормална“. Многу следбеници се буквално шокирани од разликата помеѓу овие фотографии. Карина објасни дека станува збор за исти фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KARINA🦄IRBY (@karinairby)

„Само сакав да видам до каде можам да одам со апликацијата за уредување лице“, напиша таа во коментар, прашувајќи ги следбениците што мислат за ваквите фотографии.

Многу следбеници беа изненадени што не станува збор за различни фотографии, туку за иста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KARINA🦄IRBY (@karinairby)

„Се согласувам дека понекогаш треба да покриете мозолче на лицето, но многу сум тажна поради промената на обликот на лицето или телото“, напишала еден од следбениците додека друг напишал дека е особено тажен кога леда луѓе како уредуваат фотографии од своите деца.

Многумина велат дека објавата на Карина ве тера да размислите колку вистински фотографии има на социјалните мрежи, пренесува „Мирор“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KARINA🦄IRBY (@karinairby)