Радио Милева
емотивни балади

Инспирирани од трагични случувања: Зад песните „Сватови“ и „Мишо мој“ на Марина Туцаковиќ се крие тажна приказна

Инспирирани од трагични случувања: Зад песните „Сватови“ и „Мишо мој“ на Марина Туцаковиќ се крие тажна приказна

Многу естрадни уметници од домашната и регионалната музичка сцена отпејаа песни кои настанале како инспирација од лични, но и туѓи трагедии во животот на луѓето.

Тие песни денес се евергрини.

Големиот хит „Мишо мој“ на Ана Николиќ, големиот текстописец Марина Туцаковиќ го напишала инспирирана од нејзина лична трагедија. Имено, Марина песната ја посветила на нејзиниот син Милош кој почина пред 13 години“.

„Песната ја пишував во својот најтежок период, кога го изгубив синот. Долго време размислував кој ќе може овие емоции да ги пренесе на публиката, па изборот падна на Ана Николиќ“, откри Марина во една прилика.

Фолк ѕвездата ја отпеја песната „Жуто пиле“ која ја посвети на починатиот сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан. Текстот го напиша Марина Туцаковиќ инспирирана од ова случување на фолк ѕвездата.

По тој повод, Цеца на својот концерт во Ушче изјави.

„Со посебна емоција ја пејам оваа песна. Со посебна емоција ја отпеав во студио. И кога да ја пејам чудно се чувствувам. Излегуваат најтажните емоции од мене. Ја посветив на човекот кој најмногу го сакав. И тој денес ќе беше среќен да го види сè ова. Ви благодарам многу, во тоа име ќе ја отпејам песната „Жуто пиле“, изјави Цеца тогаш.

Еден од најголемите хитови во текот на 90тите беше песната „Сватови“ на Весна Змијанац.

Ова песна настанала по вистинско случување. Невестата која била бремена заедно со младоженецот тргнале на проба на веначницата.

Меѓутоа, парот доживеал сообраќајна несреќа и починале сите тројца, а наводно оваа песна е посветена на нив.


Легендата на ромската музика, покојниот Џеј Рамадановски детството го поминал во поправен дом што било инспирација за Марина Туцаковиќ да го напише нејзиниот најголем хит „Недеља“.

„Јас сум виновен за рефренот на песната, на Марина и ја раскажав својата приказна од поправниот дом. Како дете, ако бев добар ми дозволуваа да одам дома, ако не останував во поправниот дом. Таа „Недеља“ зборува за мене, кога не ми дозволуваа да одам во својата куќа, а Марина за 10 минути го напиша текстот“.

Потсетуваме, Марина Туцаковиќ почина на 19 септември по долго боледување од опасната болест.

Останати вести од Радио Милева