Радио Милева
Не можат една без друга

„Имам немири“: Тамара Тодевска објави приватна преписка со сестра си Тијана која говори за нивниот однос (фото)

„Имам немири“: Тамара Тодевска објави приватна преписка со сестра си Тијана која говори за нивниот однос (фото)

Иако не живеат во иста земја и ги делат околу 500 километри преку граница, сестрите пејачки Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ гледаат што повеќе да бидат заедно.А кога тоа не е возможно, заедно се во мислите и секако преку платформите кои ги нуди интернетот.

Тамара ги чува дури и виртуелните разговори со Тијана и јавно објави нивна заедничка преписка од 2015 година.

-Јас сум неарна, Од стрес можно да е? Имам немири, Се напив хелекс, си легнав- и пишува Тамара на Тијана која и враќа:

-А коа си била арна па. Хахахахах- пишува Тијана, а Тамара вели:

-Не ми помогна баш.

Очигледно Тијана е онаа што повеќе умее шегата да ја стави на прво место, а во една прилика токму за нивниот сестрински однос изјави:

-Знае да ескалира и да ме избрише од сите можни мрежи. Ме брише да, блок на вибер,на ватс ап, на инстаграм, на се ме брише. И потоа имаме потешкотија кога ќе ме врати, во комуникација конкретно на „ватс ап“ зашто таму тоа го памти, и јас кога и се јавувам пишува недостапна. И пракам порака, дај жити се јави ми се ,не можам стварно… Она е таа што брише, апсолутно, јас заборавам се’ за два саата. Она е во стање да де лути пет дена да не се јави. и ќе и се јави на мама она изигрува Унпрофор или на тато. Им викам што направивте бе,се поншатате како да имате 12,13год. Ама тоа е така затоа што сме поврзани, како црева, она е моја половина, тоа е многу природно и нормално, открива Тијана во „Еден на еден“.

Две тела една душа, неизмерна љубов и хармонија ја краси сестринската врска која е нераскинлива и во арно и кога не многу арно. Тука се една за друга, една крај друга секогаш кога едната на другата и е потребна и обратно!

фото:Инстаграм/Тијана Дапчевиќ/Тамара Тодевска

Останати вести од Радио Милева