Живот и Стил

Има ли поубави? Дневни соби со камин за какви што фантазираме во текот на студените денови

Има ли поубави? Дневни соби со камин за какви што фантазираме во текот на студените денови

Во зимските месеци не можеме да се заситиме од фотографии со преубаво уредени дневни соби со камин.

И, навистина – има ли во зима нешто поубаво од камин во кој гори оган и сè е преполно со топлина и светлина која ја создава огнот, и во собата и во душата.

Кога замислуваме идилично место за живот, тогаш сигурно таму би се нашол и камин во дневната соба.

Ништо не внесува толкава топлина и слатка романтика во домот како каминот кој и на најмодерно уредените простории им дава доза на шарм.

Иако камините во денешно време речиси и ги нема во домовите, и натаму за многумина истите се желба за која често фантазираат, особено во текот на студените зимски вечери.

Да фантазираме секогаш можеме, а во нашата галерија може да ги погледнете идиличните фотографии од дневни соби со камини поради кои ќе ни се згрее срцето.

Погледнете ги фотографиите:

извор: точка.мк