Радио Милева

Има 382 милиони евра, но на вработените им ја намалува платата, а бара помош и од државата

Има 382 милиони евра, но на вработените им ја намалува платата, а бара помош и од државата
фото:профимедиа

Модната дизајнерка Викторија Бекам и сопруга на пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам, наиде на удар од британската јавност бидејќи 30 работници во нејзината компанија се известени дека, во согласност со предлогот на владата на Велика Британија за спречување на ефектите од коронавирусот, ќе им бидат намалени платите.

Покрај тоа, таа побара помош од државата. Во коментарите под написите на социјалните медиуми, многумина се потсетија дека богатството на неа и Бекам се проценува на 382 милиони евра и дека таа за неодамнешната прослава на нејзиниот 46 роденден платила 114 000 евра.

фото:профимедиа

„Дејли меил“ пишува дека ова е најголемиот скандал на Бекамови од моментот кога излегоа е-пораките на Дејвид, откривајќи дека тој работи за добротворни работи само за да стане витез.

Пријателите на Викторија им рекле на медиумите дека сметаат дека критиката е неоснована, бидејќи другите компании исто така побарале државна помош. Како што наводно им се доверила, ова била најлошата недела во нејзиниот живот.

Останати вести од Радио Милева