Радио Милева
романса на дистанца...

Илина Арсова реши да тера кариера: Доби професорска стипендија и замина преку океанот, но замина ли со неа и љубовта со Џамбазов или шоуменот и неговата убавица останаа на „љубов преку жица“? (ФОТО)

Илина Арсова реши да тера кариера: Доби професорска стипендија и замина преку океанот, но замина ли со неа и љубовта со Џамбазов или шоуменот и неговата убавица останаа на „љубов преку жица“? (ФОТО)

Илина Арсова однеодамна престојува во  САД каде започнала да работи како професорка на Универзитетот Тенеси, од каде претходно добила  стипендија за докторски студии.

Во видеото кое го објави, таа раскажа дека одлуката да замине не била лесна, најмногу поради семејството, како и заради нејзиниот љубовен партнер последниве години,  шоуменот Игор Џамбазов.

И Џамбазов уште во старт не можел да се помири со одлуката, која очигледно тешко му паднала, ама…  Тоа е, што е! Одлуката н Илина да тера кариера била конечна, колку и на љубовта да и е мачна.

Шоуменот уште тогаш тргна да право шеги на своја сметка, или поточно, на сопствената мака, па откако и купи  соодветен роденденски подарок подарок непосредно пред нејзиното заминување преку големата бара, напиша и сподели на својот Инстаграм:

„За роденденот и купив куфер. Куфер. Тоа е она со кое патуваш. Утредента си замина со истиот тој куфер. Па се купува ли куфер, Џамбазов, говедо едно непрокопсано… Сам сум се убивал. Еј животе, француски предлогу…“ – напиша Игор под фотографијата од Илина и неговиот роденденски подарок.

Не помина долго, откако Илина замина, Игор се разболе… Од љубов…  „Па веѓи свија кораво и лицето му се измени, не беш Џамбаз навикнат без неа да минува денови… Љубовта е болест што не се лекува, кога ја немаш крај себе, онаа со која срецето сака да векува“…

На „болеста“ самиот се пожали, а и дијагнозата сам ја објави – „Илинопатија“… патење по Илина!

Околу тоа колку долго ќе остане во Америка, Арсова не сподели детали. Затоа е тешко и да се каже дали  чаре за љубовта на дистанца има? Некои се повикуваат на онаа старата: „Далеку од очи, далеку од срце“! До душа, денес со модернава технологија и не е баш така, иако  се’ уште не е измислено дека емоциите можат  баш во посакуваниот облик  „до балчак“ дигитално да се споделувааат.

Илина Арсова реши да тера кариера… Доби професорска стипендија и замина преку океанот, но остана дилемата: Замина ли со неа и љубовта со Џамбазов или шоуменот и неговата убавица останаа на „љубов преку жица“?

Нејсе, дека не е се’ така безнадежно и црно се првите сигнали пред да замине, и оние откако замина за Америка, па Илина оттаму се јави!

Имено уште за нејзиниот роденден пред да ја дувне свеќичката на роденденската торта Илина јавно на Игор ќе му порача:

„Роденденот помина пред недела дена ама споменот ми е толку свеж и драг, што посакав да го споделам и сега… Тој ми купи куфер, јас не му купив ништо. Срцето му го подарив па нека му прави што сака“.

А и после сите написи и муабети околу нејзината американска докторска стипендија, тазе инструкторката на Универзитетот во Тенеси, самата експресно се огласи со убави вести… И тоа не само универзитетски, туку и љубовни:

Дефинитивно Илина и Игор, шоуменот и неговата убавица остануваат заедно… На „љубов преку жица“!

Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov/ilina_arsova

 

Останати вести од Радио Милева